Најубавиот остров на светот

7 октомври, 20140
8
Романтичниот остров Бора Бора неодамна беше прогласен за најубав остров на светот, а има и зошто…

Островот Бора Бора е сместен помеѓу Перу и Австралија.

Од Перу е оддалечен 8.197 километри, а од Австралија 5.981 километри.

И покрај оддалеченоста од копното и општата отсеченост од меѓународните патишта и авионски линии,

е многу популарна туристичка дестинација.

Овој остров е долг се’ на се’ 10 километри, а широк е малку повеќе од три километри.

 

 


Многуте лагуни на овој остров ретко кого ќе го остават рамнодушен,

токму како и двата вулкани кои се главна туристичка атракција.

За оние поважните гости се нуди и можност за хранење на ајкули под водата. Секако, заштитени во кафез.

Главен град на островот е Ваитапе, а главна стопанска гранка на островот е, нормално, туризмот.

Официјални јазици се француски и тахитански, но поголем дел од жителите зборуваат и англиски.

 

Кога зборуваме за Бора Бора веднаш ни паѓаат на памет бунгаловите на вода опкружени со прекрасното сино море. Тоа е навистина така, но за да поминете само една ноќ во еден од тие бунгалови потребно е да издвоите „само“ 1.000 долари за таа една ноќ. Јаготката на шлагот која ја нуди овој остров е јадењето poisson cru, односно сирова туна, како и махи-махи рибата со сок од лимета и кокосово млеко.

Не не чуди што романтичното островче Бора Бора е прогласено за број 1 во светот, а така одлучиле и уредниците на US News & World Report.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *