Направете едноставен пијалок за прочистување на организмот после обилната празнична трпеза.
Анти триглицеридите се супстанции кои ќе ви помогнат да ги намалите маснотиите во организмот и да го прочистите истиот после обилната празнична трпеза.
Состојки:
400 гр целер (корен)
1 кг лимон
2 литри вода
Прво исцедете сок од лимон. Целерот се ренда и се додава во водата во која сте ја додале кората од лимонот. Се заедно се вари 20 минути па се остава смесата да отстои најмалку 6 часа, или преку ноќ. Процедете ја смесата и додадете го сокот од лимон. Лекот се пие по 1 дл пред јадење, три пати на ден. Можете да го разредите со минерална вода. Пијалокот се чува во стаклен сад, во фрижидер.