
LG и Motorola досега се единствените две компании кои ги објавија деталите за овие носливи паметни уреди. Од фотографијата се гледа дека LG ќе ги форсира своите планови за минималистички дизајн.
Компанијата одлучи да се држи до правоаголниот екран, за разлика од Motorola која се одлучи за дизајн што повеќе потсетува на традиционалните часовници.
Поради екранот со правоаголна форма, претпоставките се дека G Watch ќе има малку пониска цена од Moto 360, бидејќи нема да има потреба од модификување на компонентите.
Покрај тоа, Motorola неодамна изјави дека купувачите ќе бидат изненадени од ниската цена на нивниот паметен часовник.