Пилотот на изгубениот авион не бил во состојба да лета! Прочитајте зашто!

popara26 март, 20141min00
prijatel-na-pilotot-na-ischeznatiot-maleziski-avion-zakarij-ne-beshe-vo-sostojba-da-leta-177690

Неговиот пријател, кој исто така бил пилот по професија, истакнал дека Шах бил премногу вознемирен поради семејните проблеми и дека најверојатно не бил психички способен да лета. Тој посочил дека е голема можноста патниците и останатите членови на екипажот да сфатиле што се случува кога веќе било предоцна.

„Тој беше еден од најдобрите пилоти кои ги познавам и јас не сум медицинско стручно лице, но со оглед на сè што му се случуваше во животот, Закариј веројатно не беше психички способен да управува со леталото”, истакнал тој.

И додека во неговата кариера немал никаква дамка, приватниот живот му бил „хаос”, бил очаен поради одлуката на неговата сопруга да се исели од семејното живеалиште.

Неговиот пријател смета дека Ахмад Шах, притиснат од проблемите, на летот МХ370 тој гледал како на можност да ги испроба многу ризични воздухопловни маневри кои претходно ги усовршувал на својот омилен симулатор за летање.

Овие шокантни вести одекнаа по веста дека непосредно по последната вербална комуникација од кабината авионот се издигнал на висина од 13.110 до 13.700 метри.

Експерт од областа на воздухопловната индустрија за „Daily mail” изјавил дека авионот летал на оваа висина околу 23 минути и дека кислородот (во кабината во која притисокот е намален) би можел да се потроши за 12 минути, поради што патниците би можеле да изгубат свест.

„Боинг 777 – 200 ЕР” може да достигне висина од 13.100 метри, а веројатно може безбедно да лета и на поголеми висини, тврди експерт. Но, на оваа висина атмосферата е премногу разредена, што значи дека биле потребни неколку минути за да дојде до состојба која се нарекува „хипоксија” односно недостаток на кислород, доколку некој од пилотите рачно не зададе команда за декомпресија. Маските за кислород во ваков случај би испаднале, но тие може да обезбедат кислород за пет до десет минути.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *