Научници прават змеј, по желба на Софи!

popara10 јануари, 20141min00
c4c14212-a94b-4ea3-a0b1-ae1c61751ebc_dragon

Седум годишното девојче побара змеј, меѓутоа изненадувачкиот одговор кој го доби од научниците го задржа вниманието на медиумите.

67a47414-b898-43fc-a7a1-fcccd4abac11_sophie-lester-letter
Се започна пред Божиќ кога Софи од Квинсланд, Австралија, напиша писмо до истражувачката организација, CISORO. Нејзиното слатко писмо беше поставено на нивната веб страна.
„Здраво драги Научници, моето име е Софи и имам 7 години. Мојот татко ми зборуваше за научниците во CASORO. Ќе биде ли возможно да ми направите еден змеј за мене. Многу ќе ми се допадне ако успеете, меѓутоа и да не можете, во ред е.”

Софи вклучила и дополнителен цртеж со што ги избрала потенцијалните имиња за идниот змеј: Toothless ако е женско и Stuart ако е машко. Дополнително напошала. „Ќе го чувам на мојата специјална зелена тревна површина, каде што има многу простор. Ќе го хранам со свежа риба и ќе му ставам ремче. Ако се повреди ќе го преврзам. Ќе си играм секој викенд кога нема да сум во училиште.”

c4c14212-a94b-4ea3-a0b1-ae1c61751ebc_dragon
„Се бавиме со наука уште од 1926 година и сме прилично горди што сме постигнале до сега” – одговори CASIRO на писмото на Софи. „Но ние испуштивме нешто. Не постојат змејови. Во минатите 87 години, не бевме во можност да создадеме змеј или пак змејски јајца. Можеби змејскиот оган да биде добра идеја за нас, па ќе почнеме да го разгледуваме програмата за змејско истражување и создавање. Ти благодариме Софи за идејата. Ќе ја земеме во предив.”

Во изјавата, организацијата додаде дека ги изненадило како младиот ум може да размислува и до каде може да стигне и што да очекува. Ова било и за возрасните лекција, дека треба да ги обноват своите мисли и мозоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag