Научно докажано дека психопатите се идеални лидери?!

7 ноември, 20140
15

Неодамна објавените документи открија планови на британската влада дека во случај на нуклеарен напад раководењето со преживеаните би било ставено под управа на психопати.

Националните архиви на Велика Британија го открија планот “Exercise Regenerate” од 1982 година која имал за цел да го сочува редот во случај на најлоши можни ситуации кои би можеле дополнително да го погодат општеството.

Џејн Хог, научник од Велика Британија која работела на оваа операција, смета дека логиката, интелигенцијата и способноста да се носат со кризни ситуации и падот на моралот, психопатите ги чини идеални лидери во хаос, кој би настанал по нуклеарен напад.

„Во научни кругови општо е прифатено дека околу еден отсто од населението е составено од психопати. Тие не покажуваат никакви психолошки тегоби во општеството кое претрпело големи загуби.

Добро се носат со кризата, не сочувствуваат со другите, немаат морален компас и обично се многу интелигентни“, напишала Хог.

„Пред нападот, единствено решение за овие луѓе е да бидат оддалечени од општеството, а по нападот, во моменти кога се потребни итни акции, формалните власти би можеле да ги регрутираат, бидејќи би била многу вредни соработници“, истакнала Хог.

Сепак, белешките за овој план откриваат дека колегите на Хог не го делеле нејзиното мислење.

Инаку, во случај на нуклеарна војна било планирано Кралската јахта во најбрзо време да ја евакуира кралицата, а биле организирани и вежби за подготовка на населението за едно такво сценарио.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *