Не дозволувајте старата љубов да ве спречи да почнете нова врска

popara20 мај, 20141min00

Точно дека понекогаш е тешко да се преболи старата љубов, но вистината е многу едноставна – сте почале однос со некој и очекувате тоа да трае – и после останувате разочарани.

Пред да почнете „нов живот“ помогнете си да ја заборавите старата љубов.

Направете нешто поинаку во новата врска
При раскинувањето, секогаш другиот е виновен. Но, ако сте искрени кон себеси, има нешта кои веројатно поинаку би ги правеле „да сте со овој памет“. Наместо да се враќате наназад, размислувајте што можете да направите поинаку во новата врска.

Не можете да најдете нова, додека се опоравувате од старата љубов
Не брзајте да најдете нова романса. Можете само уште повеќе да бидете разочарани. Бидете трпеливи, и ќе бидете наградени.

Исфрлете го минатото од глава
Сега кога сте анализирале дека би можеле нешто поинаку да направите во новата врска, престанете да размислувате за минатите врски. Знаеме дека не е лесно како што звучи, но важно е да го превземете тој чекор. Кога ќе ви падне на ум некој детаљ од старата љубов, насочете ги мислите кон нешто друго.

Бидете задоволни од тоа што го имате
Ако сте здрави, имате сладок домашен миленик, имате работа и пријатели кои ги сакате – знајте дека имате повеќе од другите луѓе. Баш во моментот кога ќе се опуштите и ќе уживате во животот, и новата љубов ќе се појави од некаде.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag