Сокот од портокал не е диетален!

popara20 мај, 20141min00
13
Сокот од портокал има изобилство од шеќери – дури 21 грам во една мала шолја!

 Токму од тие причини се поставува прашањето, дали е всушност сокот од портокал штетен исто колку и газираните пијалоци? Еве неколку факти кои би требало да ги знаете:

Мрачна тајна во вашата чаша која потсетува на сонце

Кога плодот ќе го ослободите од кожата, пулпата, “месото” и другите делови кои се богати со растителни влакна, тоа се сведува на слатка есенција. Ова значи дека сокот од портокал го има истиот износ на шеќери како и газираните пијалоци или околу 5-8 лажички по чаша, а шеќерот во чистиот и природен сок поседува многу калории!

Во едно недамнешно истражување објавено во магазинот “Ендокринологија”, професорот по метаболитичка медицина, Навид Сатар, истакна дека консумирањето на цело овошје е поврзано со намален или неутрален ризик за добивање на дијабетес, додека пиењето на овошен сок токму го зголемува тој ризик.

Сурова вистина

Витаминот Ц од сокот од портокал е добар за имунолошкиот систем бидејќи тоа е антиоксидант кој ги штити клетките од слободните радикали. Сепак, некои од неговите благодети навистина се преувеличуваат. Едноставно, не постои студија која беше во можност да докаже дека витаминот Ц може да ви помогне во излекувањето на настинката.

Притоа, ако ги читате нутритивните вредности кои се содржани во сокот кој е купен во продавница, тие се однесуваат на износот на витамин Ц кој бил присутен при пакувањето.

Секој сок губи од хранливите состојки со текот на времето, а модерната техника за складирање драматично ја дополнува масовната долготрајност на произведените сокови. Сокот сега може да остане во специјални резервоари дури и до една година, по што тој се става во картонски кутии кои ние ги купуваме од продавниците, каде оди во фрижидер – па така ги губи скоро сите витамини.

Газираните сокови се сепак полошиот избор

Со оглед на врската помеѓу дијабетесот и болестите на срцето, поради екстремниот недостаток на хранливи материи, газираните сокови се сигурно полош избор за разлика од сокот од портокал.

Некои луѓе едноставно претеруваат во дозата сок од портокал поради што, како резултат на големото количество на шеќер во него, добиваат вишок на килограми, си предизвикуваат проблеми со црниот дроб и го зголемуваат ризикот од дијабетес, така што, како и со сe’ останато, умереноста е клучно нешто кое мора да се почитува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *