Не се дава лесно: Или прстен од 250 илјади или ништо!

9 јануари, 20140
10

Џенифер Лопез која е позната како љубител на луксуз и екстраваганција, сака да се омажи за својот помлад дечко, но само под услов ако и купи дијаматски прстен, со парите што сам ќе ги заработи.

Оваа желба на латино дивата го ставила Каспер во незавидна ситуација бидејќи поголемиот дел од неговите приходи доаѓаат токму од Џенифер.

“Џенифер сака да се омажи за Каспер но смета дека тој мора да ги потроши сопствените пари за веренички прстен. На тој начин ќе покаже пред светот дека е сериозен кога е таа во прашање“, вели изворот, кој додава дека ТЕМАТА пари е многу осетлива помеѓу нив бидејќи Џенифер заработува далеку повеќе.

Џенифер го условила вака бидејќи верува дека тој има и сопствени пари заработени како модел и се повеќе има платени настапи откако е со неа.

“Таа не се сомнева дека Каспер може да и го купи прстенот што и се допаѓа и кој чини 250 илјади. Но Каспер е под голем стрес, бидејќи не може да си дозволи такво нешто. Не знае што да прави“, дополнува изворот.

Beta/AP

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit