Ајзеа Бирд има 6 години, и како што пишува во насловот тој нема нозе. Така се родил. Ете некој ќе се роди без нозе, некој без срце – кој има поголем хендикеп? Малиот Ајзеа живее во тешки услови. Бездомник е. Ајзеја со мајката и братчето нема каде да живее и се снаоѓаат како знаат и умеат. Во моментот се сместени во прифатилиште.
Да, тој има срце на шампион. Верува дека може, и не се ослонува на оправдувања.
Склекови прави така што трењерот го држи за колковите.
Прави и стомачни. Се натпреварува со врсниците и сонува еден ден да биде професинален борач.
Како што времето поминувало, ги победил сите другарчиња во својот тим. Освоил доволно победи во својот клуб. Потоа во градот. А тогаш стигнало изненадувањето – повикан е на државното првенство.
Освоил трето место!
А во што сме трети ние што имаме и раце и нозе и имаме каде да живееме?