Незапослениот зависник од компјутерски игри обвинет е за убиство на сопствениот 2 годишен син, кој според истрагата му пречел, односно немал време за играње!
Државјанинот на Јужна Кореја 22 годишниот Чунг го пријавил како исчезнато своето дете, но набрзо се испоставило дека самиот тој со сопствени раце го убил детето.
Полицијата во почетокот верувала дека го изгладнувал 10 дена после што детето умрело, но таткото признал дека со дланката му ги затворил носот и устата и така го задавил детето. Потоа го ставил во вреќа за ѓубре па во торба и ноншалатно го фрлил во контејнер.
Безбедносната камера го снимила како влегува во лифт, носејќи со едната рака торба со мртвиот син, додека со другата си ја средува фризурата.
Пред две години светот беше згрозен од чинот на една девојка, исто така од јужна Кореја која роди дете во тоалетот на интернет кафе, и таму го оставила, за да може што побрзо да се врати за да ја доигра играта.
httpv://www.youtube.com/watch?v=spuaCxUXcIY