
Постои позната поговорка која гласи вака: Љубовта нема граници! Таа се покажа точна кога двајца тинејџери Кети Хил и Ерин Ендрус се заљубиле еден во друг. Нивната приказна е многу необична и малку луѓе веруваат во истата. Можеби пред 15 години ќе беше навистина чудно, но ова е вистината!

Двајцата заљубени се сретнале пред две години кога двајцата посетувале група за подршка на трансџендар тинејџери. Според нив било љубов на прв поглед и веднаш се поврзале меѓусебно највеќе поради проблемите низ кои поминувале во тој период а биле од иста причина.
Пред ова да се случи Арин бил девојче кое се викало Емералд, а Кети било момче кое се викало Лук. Двајцата тинејџери поминале низ макотрпни операции за промена на полот. Сега тој е девојка додека таа е момче. Што е уште почудно двајцата се здрави, среќни поради што се вљубени еден во друг. Двајцата се многу благодарни за поддршката од нивните родители.