
Тинејџерите се повеќе се откажуваат од Фејсбук и почнуваат да користат други социјални мрежи бидејки нивните родители со помош на Фејсбук можат да ги следат секој нивни чекор.
Ова не значи дека тинејџерите трошат помалку време на интернет, туку само се одлучуваат за други социјални мрежи. Фејсбук во последно време стана одбивен за тинејџерите а главната причина поради тоа е – нивните родители. Родителите со помош на оваа социјална мрежа пробуваат да ги контролираат своите деца, следат со кој се допишуваат, што пишиуваат и што објавуваат. Поради ова тинејџерите се чувствуваат несигурно и полека престануваат да го користат Фејсбук. Тие се одлучуваат за некои нови социјални мрежи и апликации на нивните паметни телефони како Инстаграм и сл.
