Новата генерација на легендарниот модел на Субару WRX STi, или некогашната спортска верзија на Импреза е конечно претставена на саемот за автомобили во Детроит. Сината боја, златните фелни, голем отвор на хаубата за воздух, турбо бензински агрегат и секако Symmetrical All Wheel (погон на 4 тркала) водат само до еден непогрешен модел – WRX STi. Овој модел следува по обичниот WRX модел кој беше претставен пред неколку месеци. Субару се врати на веќе познатата рецепта – лимузина со 2.5 литарски турбо бензински мотор кој произведува 305 коњски сили а има 6 степеничен мануелен менувач кој го пренесува Субаровиот DCCD диференцијал. Новост кај овој модел е таканаречениот ATV ( Active Torque Vectoring) систем кој во кривините, доколку е неопходно прикочува некој од внатрешните тркала и вртњжниот момент се префрлува на надворешните тркала каде се остваруваат значајно подобри динамички карактеристики и брзи поминување на кривините. Разликата од обичниот WRX е тоа што STi има класичен хидрауличен серво управувач а не електрична асистенција.
httpv://www.youtube.com/watch?v=cGeh84f-vFA