Nexus 6 против Galaxy Note 4

23 октомври, 20140
Nexus 6 против Galaxy Note 4

Два од најочекуваните нови смартфони оваа година – Nexus 6 и Galaxy Note 4, веќе се тука и се борат за изборот на потрошувачите.

Тие се со слични, а во доста случаи и идентични, спецификации. Имајќи ги во предвид сличностите меѓу нив, уникатните квалитети на секој еден се најважните, затоа и тие се совршени кандидати за  видео во кое што се соочуваат во дуел.

Споредбата е направена од Carphone Warehouse и Nexus 6 и Note 4 се еден до друг. Она што видео битката го воспоставува, не е особено изненадувачки – телефоните се разделуваат во одредени барања и секој од нив има свои предности, што го прави едниот попривлечен за одредени корисници, а другиот – за други.

Апсолутен победник во споредбата нема, но луѓето кои го направиле видеото, прават ранг за секоја категорија избрана од нив. На пример, ако за вас е важно да имате најразлични функции, тогаш Note 4 е за вас. Ако пак сакате да сте со најновата верзија на Android, за вас Nexus 6 за посоодветен.

Galaxy Note 4 победи кога станува збор за дисплеј, а иако екранот на Nexus 6 е малку поголем, Note 4 импресионира со прецизни бои, кога ќе  се споредат.

Батериите се со иста големина, па тука се еднакви.

Nexus 6 е прогласен за телефон со подобар квалитет на сликите, кои поседуваат повеќе low-light перформанси и прецизни бои.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş