Ники рекреирала некои од фотографиите на Ким со смешни позадини, кои всушност “објаснуваат” како и зошто истите настанале.
Ники Минаж ги воодушевила гледачите во хумористичното шоу “Saturday Night Live”, во кое учествувала во неколку духовити скечови, но најмногу пофалби добила за имитацијата на Ким Кардашиан.
Славната раперка се пошегувала на сметката на Ким, односно за нејзините разголени фотографии кои ги направила за списанието “Paper”. Таа рекреирала некои од тие фотографии со смешни позадини, кои всушност “објаснуваат” како и зошто истите настанале.
“Целата работа е погрешно сфатена. Заборавиле да ги стават позадините на фотографиите, па затоа тие се целосно надвор од контекст”, објаснила Ники имитирајќи го гласот на Ким.
Погледнете како тоа изгледало.