
Поп иконата Мадона повторно најде многу помлад дечко. Пејачката (56) се гледа со 26 годишниот кореограф и танчер Тимор Стефенсон.
Мадона и Тимор се видени како заедно доаѓаат на една претстава на Бродвеј. Некои медиуми тврдат дека двајцата се забавуваат веќе неколку месеци.
Според изворот Мадона и Тимор се запознале минатата зима во Швајцарија, меѓутоа истакнува дека врската не е сериозна.
Тимор има завидна биографија, танцувал со Бијонсе, Мајкл Џексон, Крис Браун, а изгледа дека младиот танчер е популарен и меѓу познатите пејачки.
