За нив треба да се зборува: Шиша за прегратка, поставил фрижидер за гладните…

18 јуни, 20140
8

Керол и Вили Фовлер планирале голема венчавка за својата ќерка Тамара. Меѓутоа таа месец дена пред венчавката се откажала, а ресторанот веќе бил резервиран. Тогаш нејзините родители одлучиле од сето тоа да направат добро дело па ги повикале сите бездомници на ручек во овој ресторан.
Дошле 200 луѓе и се поминало во најдобар ред, додека Фовлерови бараат спонзори со цел ова да прерасне во настан кој ќе се случува еднаш годишно.


Прави куќи од рециклажа
Благодарение на идејата на Грегори Колен, многу бездомници во Калифорнија имаат сигурно прибежиште. Тој прави куќички од материјал кој го собира на отпад.


Уште една одлична идеја доаѓа од човек од Саудиска Арабија кој сакал да обезбеди храна за оние кои се гладни, а при тоа да не мораат да молат.
Тој поставил голем фрижидер пред својата куќа, така да секој може да остави што сака, но исто и да се послужи со што сака.


Берберин во пензија кој шиша за прегратка
Човекот кој е познат како Џо Берберинот во 1988 година се пензионирал и од тогаш шиша и бричи бесплатно бездомници во замена за една прегратка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi