Злосторство и казна: Силувачот се бори за живот, бидејќи жртвата му одгризала дел од пенисот!

18 јуни, 20140
7

Силовачот од Зимбабве Томас Гванди (32) бил тешко повреден откако жртвата му одгризала дел од половиот орган па сега лекарите во болница се обидуваат да му го спасат животот.
Оваа вест се проширила низ социјалните мрежи, а ја потврдил потпаролот на полицијата Пол Нијати.
Гванди жената ја пресретнал во градот Кадоми кога таа се враќала од бдеење. После силовањето, се обидел да ја натера на орален секс. Таа тогаш ја искористила приликата и му одгризала поголем дел од пенисот после што побегнала.
Ја оставила јакната која Гванди ја земал и тргнал на погреб тврдејќи дека сретнал сатанист кој го кастрирал. Некои од луѓето на погребот го натерале да оди до полиција каде ја сретнал својата жртва која токму тогаш пријавувала силовање. Така веднаш го уапсивме, изјавил потпаролот на полицијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *