
Доколку барате идеални рамни чевли со кои ќе заблескате оваа пролет,
сигурни сме дека ве интересира кои модели се најактуелни и кои можете најлесно да ги најдете.
Шпицестите балетанки и мокасинки се задолжителен дел за оваа сезона.
Нормално дека заоблените балетанки секако ќе ги најдете на полиците во омилените продавници,
но ако сакате да ја освежите вашата колекција, или едноставно сакате да бидете во тренд,
ја предлагаме оваа поелегантна верзија.
Кога се боите во прашање, неизбежни се пастелни нијанси, но актуелни се и јаките и металик модели.
Можете да изберете и црн модел кој ќе ви одговара на секоја комбинација,
а за оние со специфичен вкус може да се надат и балетанки со украсени ремчиња.


















