Иако можеби помисливте дека младата пејачка Селена Гомез решила повеќе да нема никаква врска со проблематичниот пејач Џастин Бибер, изгледа дека двајцата решиле да ја обноват врската.
Селена и Бибер раскинаа пред една година, но тоа не ги спречува повремено да се гледаат. Двајцата се видени заедно во четвртокот како се возат по улиците низ Казабланка.
Фотките на Твитер ги објавил еден очевидец кој напишал дека Селена била прекрасна, а Бибер бил вулгарен кон соседите и ги навредувал.
Додека двајцата се возеле, телохранителите на Џастин ги блокирале сите улици и не дозволиле случајните минувачи да им се приближуваат.