
На интернет се појавија фотографии за новото Porsche 911 Targa паралелно со премиерата на саемот во Детроит. Porsche ги објави официјалните фотки за моделот кој е инспириран од оригиналната Targa од 60-тите години на минатиот век.
Тarga верзијата е спој на кабриолет и купе. Покривот на новиот модел к се наоѓа меѓу предното стакло и фиксниот и масивен Б-носач, зад кој се наоѓа карактеристично заобленото задно стакло. Сепак за разлика од оригиналниот модел, покривот на новата Targa со притискање на копче се собира зад седиштата за патниците.
Моторот со 6-цилиндри од 3,4 литари, развива 350 коњски сили ќе чини околу 100.000 долари!