
Во светската јавност постојано се обрнува внимание на славните кои се декларираат како хомосексуалци, меѓутоа малку кој обрнува внимание на оние кои се декларирани бисексуалци. А ги има многу.
Huffington Post направи листа на 30 познати личности кои се изјасниле како бисексуалци. Дел од оние кои се наоѓаат на неа се следниве:
1. Меган Фокс
Меган во 2011-та појасни својата сексуална ориентација.
„Сметам дека луѓето се раѓаат како бисексуални и дека потсвесно прават избор заради притисокот од општеството.”
2.Били Џо Армстронг
Фронтменот на Грин Деј е венчан за жена од почетокот на 90-тите. Сепак во 1995 година тој изјави: Мислам дека отсекогаш сум бил бисексуалец. Мислам, тоа е нешто за што секогаш сум бил заинтересиран. Сметам дека секој на некој начин фантазира за припадниците на истиот пол
3.Дејви Боуви
Тој уште во 1976 година ги појасни работите околу својата сексуалност и тоа во интервју за Playboy.
„Вистина е. Јас сум бисексуалец. Но, не смеам да негирам дека го искористив тој факт многу добро. Претпоставувам дека тоа е најдобрата работа која ми се случила во животот.”


