Од 12 години штедел за најубавото запросување и нема да ве разочара

30 октомври, 20140
Од 12 години штедел за најубавото запросување. И нема да ве разочара

Леви и Тифани се запознале на Rose Bowl, еден од најдобрите стадиони за рагби уште додека оделе во училиште, а потоа таму и се вериле.

Тифани која моментално е на мастер студии не ни знаела што ја чека. Мислела дека оди на некоја вечера во Калифорнија по повод за таткото на Леви, но добила нешто неверојатно.

Леви кој бил сигурен дека сака да се ожени со неа уште кога се запознале на 12 години, ја направил целата организација, го испланирал целиот ден, кој вклучувал возење со лимузина за неа и 10 нејзини најдобри пријателки, педикир, маникир и шопинг. Притоа, како што ги среќавала така ѝ давале пораки за следните чекори.

Сето тоа ѝ било крајно неверојатно и возбудливо. Кога завршиле сите подготовки, нејзиниот татко ѝ ги врзал очите и ја внесол на стадионот каде првпат се запознале со Леви и каде тој ја чекал.

Со солзи радосници му се приближува и секако, го кажува најубавото судбоносно „Да“, по што следат честитките од сите роднини и пријатели.

Погледнете го ова романтично видео:

httpv://www.youtube.com/watch?v=zT8a2n7IPwk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi