Бил сиромашен чистач на чевли, а денес заработува милиони

30 октомври, 20140
25

Тешко дека ќе пронајдете подобра приказна од оваа на Лере Магајија, кој некогаш работел како сиромашен чистач на чевли, а денес е еден од најуспешните бизнисмени во светот.

Фирмата на 40-годишниот Лере денес брои 45 работници, ги покрива трите најзначајни аеродроми во земјата, а тој размислува и за партнерства кои ќе го прошират бизнисот во САД и Велика Британија.

„Со гордост можам да кажам дека ние сме најголема фирма која се занимава со чистење на чевли во цела Африка.“

Но, пред да стане успешен бизнисмен, Лере останал без работа затоа што бил прогласен за технолошки вишок. Како што и сам признава, во тие моменти бил исплашен за својата иднина.

По краткиот период во кој заработувал како продавач на јајца, среќата повторно му се насмевнала.

Тој се пријавил во една емисија која финансирала генијални бизнис идеи и успеал да победи!

Добил износ од над 3.000 долари кои решил да ги вложи во компанијата во која успеал да се вработи, а која се занимавала со шумарство. На прв поглед ова бил добар план, но само 6 месеци подоцна, Лере повторно останал без пари.

Тогаш сфатил дека ќе мора да работи било што.

„Гладниот човек не може да си дозволи да размислува, а јас умирав од глад,“ раскажува Лере.

Решил да започне да работи како чистач на чевли на аеродроми. Но, кога дошол на работа, шефот му соопштил дека ќе мора да ги чисти чевлите во скут, затоа што нема доволно потпирачи за нозете. Прифатил!

pocnal-kako-gladen-i-siromasen-cistac-na-cevli-a-denes-zarabotuva-milioni-02.jpg

„Работев од 5 часот наутро до 9 навечер секој ден, освен недела. Излегував од дома додека сите спиеја, а кога се враќав, мојата ќерка повторно спиеше. Беше навистина ужасно.“

Лере работел вредно и покрај мизерните услови, а неговата работа секојдневно се зголемувала.

Благодарение на вистинскиот сплет на околности, неговата компанија Lere’s Shoe Shine денес е распространета низ трите најголеми аеродроми во Јужна Африка.

pocnal-kako-gladen-i-siromasen-cistac-na-cevli-a-denes-zarabotuva-milioni-04.jpg

„Успеав да си дозволам удобен кров над глава и да го запишам моето девојче во приватно училиште. Горд сум што сега не морам да работам од утро до вечер, туку имам време за своето семејство.

Дефинитивно, најважната работа за започнување сопствен бизнис е вербата во себе. Секако дека условите никогаш нема да бидат идеални, но не можете да стигнете негде без да тргнете во било кој правец,“ советува 40-годишниот бизнисмен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş