
Помеѓу младите се појави нова опасна игра, која веќе однесе неколку животи. Благодарение на социјаните мрежи играта се прошири со брзина на светлината и се појавува под името NekNominate или NekNominations.
Почетокот беше во Австралија
Првите жртви паднаа во Британија откако починаа 20 годишниот Ајзак Ричардсон и Стивен Брукс (29) поради конзумација на големи количини алкохол.
Од учесниците се бара да се снимаат сами себе како пијат и потоа да предизвикаат или да номинираат друг човек да го направи истото, а снимките преку Фејсбук се споделуваат до сите учесници во играта.
Ајзак Ричардсон го изгубил животот во неделата. Решил да ги надмине останатите учесници, па во еден сад измешал шише бело вино, мало шише вотка, четвртина виски и конзерва пиво, а потоа го испил на екс овој коктел. Неколку минути подоцна изгубил свест и умрел.
22 годишниот Рос Каминс и 19 годишниот Џони Берн од Ирска исто така го изгубиле животот во оваа бизарна игра.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Z1RBF8mrkAY
httpv://www.youtube.com/watch?v=MtjGock9FpM
httpv://www.youtube.com/watch?v=XzdykwAEkk0