
Какаото од кое се прави чоколадата го берат малолетни деца, најчесто толку сиромашни што никогаш во животот немале прилика да ја пробаат ни најефтината верзија на овој деликатес.
Овие деца наместо да одат во училиште работат на црно како берачи на какао во Латинска Америка и другите држави каде се одгледува ова растение.
Освен што претставуваат крајно ефтина работна сила, децата се поспособни од возрасните за качување по дрво. Нивна задача е да соберат доволно зрели плодови, кои потоа се сечат, се чистат од семките, па се оставаат во контролирани услови за да ферментираат, а потоа сопствениците на плантажите ја пласираат оваа суровина на пазарот за големи пари.


httpv://www.youtube.com/watch?v=BeJy3dA4Ahk