Ослободете ја кожата од празничните токсини

6 јануари, 20140
Ìàñêè çà êîæà ñ ìàãè÷åñêî äåéñòâèå

Ненаспаноста по празниците, сувиот воздух и тутунски чад лошо влијаат на лицето.

Кожата пожолтува и губи тонус. Ќе ја вратите свежината со лесни и брзи процедури.

Исчистете го лицето со растително масло – пченкарно, маслиново, бадемово. Тие се вистински еликсир за сувата и нормална кожа.Ставете во супена лажица мала количина и разнесете ја внимателно, масирајќи по линиите на лицето. Вишокот избришете го со салфетка и исплакнете со млака вода.Маслото треба да го чувате во фрижидер за да не оксидира.

Мрсната кожа исчистете со лимонска вода – во 1 литар растворете 1 лажица кисел сок. Таа ќе и даде сјај на кожата и ќе ги затвори порите. Нежно тријте го лицето во насока од од долу нагоре. Исплакнете со топла вода.

Ако сте над 22 години, може да ја ексфолирате кожата со 4% овошна киселина – јаболкова, лимонска, млечна, гроздова. Под оваа возраст кожата сама се обновува.

Направете си топли содени облоги. Во 1 литар вода растворете 1 лажица сода бикарбона. На исчистено лице ставете поголема памучна крпа натопена со солениот раствор (со поднослива температура).Ставете ја така што ќе ги и покриете брадата и вратот. На овој начин се добива ефектот на парна бањаСолената компресија брзо ја освежува кожата, но не треба да се претерува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber