
Таа беше пронајдена мртва во својот дом додека се грижеше за 11-месечниот син.
Пичис Гелдоф, ќерката на славниот музичар Боб Гелдоф, починала од предозираност со хероин.Тоа го потврдиле токсиколошките наоди.
Од предозираност со хероин во 2000 година почина и нејзината мајка Пола Јејтс. По неа Пичиз многу страдала. Неодамна на „твитер” објави фотографија со мајка си под која напиша: Јас и мајка ми.
Пичис беше мајка на двата сина.
Информациите за смртта на ќерката на Боб Гелдоф ја потресе британската јавност, а деталите за неа ги објави “Тајмс”.