
Видеото кое го шокира светот е објавено на барање на таткото на едно од загинатите деца , чие тело било извлечено и на неговиот телефон биле снимени последните моменти пред потонувањето на траектот. На снимката , која според експертите е направена пред екипажот да го упати првиот апел за спасување , учениците несвесни за сериозноста на ситуацијата се шегуваат дека ќе ги има на вести ако траектот потоне.
Единаесет минути подоцна, се гледа дека учениците и натаму се шегуваат , предлагаат снимките да се стават на Фејсбук, а некои од нив бараат појас за спасување и прашуваат што прави капетанот. Неколку минути од почетокот на снимањето се слушаат првите повици преку разглас патниците да останат на своите места. Додека на децата им се наредува да останат во кабините, капетанот заедно со екипажот безбедно го напуштаат бродот , додека траектот со 476 патници пропаѓа во океанот. Од нив 325 беа ученици на екскурзија кон рајскиот остров Џеџу.
Билансот на трагедијата е 225 загинати , а 77 се водат за исчезнати . Капетанот , кој се соочува со пресуда за убиство , се правдал дека наредил патниците да останат на своите места за да не почнат да скокаат во морето и да се удават.
httpv://www.youtube.com/watch?v=KrMyR-TEKS0