Ова е актерската екипа за новото продолжение на „Тарзан“
Швеѓанецот Александар Скарсгард е одбран да ја толкува улогата на Тарзан, додека пак за улогата на Џејн е одбрана ѕвездата од „The Wolf of Wall Street”, Марго Роби.
Покрај Скарсгард и Роби, за останатите улоги се ангажирани навистина звучни имиња меѓу кои се наоѓаат Кристоф Волц и Семјуел Л.Џексон, додека пак режисер ќе биде Дејвид Јејтс.
Филмот ќе има малку поинаков пристап кон приказната. Временски, дејството ќе биде поставена неколку години откако Џон Клејтон, односно Тарзан, се вратил од дивината во цивилизацијата. Кралицата Викторија ќе побара од Клејтон да испита сомнителни активности во Конго, а за таа цел тој ќе се здружи со поранешниот платеник Џорџ Вашингтон Вилијамс (Семјуел Л.Џексон) со кој ќе му се спротивстават на воен тиранин (Кристоф Волц) кој контролира рудник со дијаманти.