Овие грешки ќе ги натераат девојките да избегаат од вас како попарени!

29 септември, 20140
3
Овие неколку најчести грешки не само што ќе ве “одржат” сингл туку и ќе ги натераат девојките да избегаат од вас како попарени.

Не можете да сфатите зошто се’ уште сте сингл? Можеби сте добар плен, но доколку правите некоја од овие катастрофални грешки – најчесто предизвикани од самото тоа дека сте сами подолго време – тогаш ќе ја натерате да отплови многу подалеку од вашите води.

Прочитајте што е она што ја одбива, а што ја привлекува…

Не престанувате да зборите – Кога сте покрај убава девојка, играта е започната и време е да и’ се продадете. Па така започнувате да “бамборите” за сите фасцинантни работи во врска со вас и вашиот живот – импресивната работа и вашите смешни ѓаволштини со пријателите.

Без разлика колку се величествени вашите приказни, таа тактика најчесто завршува лошо, вели Кристин Хартмен, д-р и научник по психологија на однесување и автор на книгата: “Changing Your Game: A Man’s Guide to Success with Women“. “Најголемите жалби кои слушам од девојки после првите состаноци е дека мажите премногу зборуваат”, вели таа и додава “Тоа прави да изгледате како да сте сноб и како светот да се врти само околу вас, а таа нема да сака ништо со некој таков.”

Како да си помогнете: Наместо да се обидувате да излезете “Капетан Најјак” охрабрете ја неа да ви зборува за себе. Жените обожуваат да им поставувате прашања. Прашајте ја за нејзината кариера, хоби или домашно милениче. Откријте што и’ ја буди страста. Тоа е одличен начин да ја запознаете. Таа можеби ќе ви дава генерални одговори од прво, но што ќе навлезете подлабоко ќе ви се отвори.

Тонете во мислите со вашата поранешна девојка – Можеби чувствувате нагон да и’ објасните зошто вашата претходна врска не успеала или можеби ќе ја “оговарате” вашата поранешна со негативна конотација “ух, таа врска си немаше од музика, пресреќен сум што не сме веќе заедно” – Огромна грешка. Утре ќе зборувате вака и за неа? Хм?

Мислите дека сте зрели и искрени, но таа овие коментари ги гледа како црвено знаменце. Самото зборување на тема вашата поранешна прави таа да се почувствува како уште да ви значи, без разлика што зборувате во врска со неа.

Како да си помогнете: Едноставно избегнувајте воопшто да ги спомнувате поранешните девојки. Тие се минато. Оставете и’ простор на девојката да ве зпаознае сама и сама да ве оцени, не мора вие да и’ се претставувате. На крај-краева, таа не ви побара детали и не сака да ги слушне.

Се потсмевате за некоја од нејзините омилени работи – Можеби си мислите дека сте многу духовит и упатувате “паметни-смешки” но внимавајте да не ги критикувате нејизните омилени работи премногу остро. Или, уште пострашно – нејзините другарки. Сите имаме различен поглед кон работите и токму тоа не прави уникатни. Доколку започнете да зборувате дека Game of Thrones е глупаво шоу со змејови кои леткаат наоколу, а тоа е нејзината омилена серија може да завршите пешки упатен кон дома… сам. Истото важи за се’. Без разлика дали станува збор за Астрологија или Тејлор Свифт. Не смеете да дозволите да се почувствува како да ја омаловажувате.

Како да си помогнете: Исто како што се справувате со разликите во вкусот и со останатите. Можете да признаете дека не сте некој голем фан на тоа и тоа, но тука запирате.

Станувате премногу блиски со неа, прерано – Секој си има свои проблеми. Можеби имате тежок однос со вашиот татко или сте имале грубо детство. Можеби вашите поранешни девојки многу ве повредиле и мислите дека е величествено да ги отворите сите карти на маса – или можеби таа прави да се чувствувате удобно и да и’ се отворите – но таа едноставно не мора да ги знае вашите проблеми се’ уште.

“Кога започнувате да се запознавате, вашата врска се’ уште нема доволно силна рамка за да ги издржи сите тие тешки разговори. Доколку и’ ги кажете вашите најдлабоки и најмрачни тајни предвреме тоа може да ја исплаши. Ќе си помисли – Боже, човеков има проблеми”…

Како да си помогнете: Сочувајте го споделувањето на тајните за понатаму.Дозволете и’ прво да ве запознае вас пред да го запознае вашето мрачно минато. Сама да посака да навлезе во тајните одаи на вашата душа и сама да ве праша.

Ја вадите вашата картичка – Започнувате да и’ се фалите со вашето, или (уште пострашно) со богатството на вашиот татко. Со автомобилот, компјутерот, рачниот часовник, облеката, вапите одмори со пет ѕвездички… Псс, како ли би можела да одолее? … Молам? Размислете уште еднаш. Доколку сакате да излегувате со “спонзоруша” ова би било ок. Но доколку му го правите ваквиот муабет на фино девојче само ќе оставите впечаток на плитка личност, која нема други вредности зад себе освен јахтата на тато.

Како да си помогнете: Наместо да се фалите, зборувајте и’ за вашите цели во животот и како работите кон нив. Покажете и ги вашите амбиции, длабочина и вашата страст. Направете го “Интелегентно, зрело и значајно – не материјално”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi