Овие намирници предизвикуваат предвремено стареење!

popara10 мај, 20141min00
16
Ако водите сметка за вашиот изглед и не сакате да остарете пред време, избегнувајте преработена храна.

 Храна богата со шеќер

Крофни, кроасани, чоколади, бисквити… сето тоа е храна која е богата со шеќери, масти и бело брашно. Исхраната која е богата со шеќери доведува до многу болести. Високото ниво на шеќер во крвта доведува до недостаток на витамини во крвта, а недостатокот на витамини го зголемува нивото на стрес, а сите ние многу добро знаеме колку влијае стресот на физичкиот изглед.
Месни преработки

Колбаси, виршли, паштети, сувомеснати производи и сите намирници кои во себе имаат премногу сол и конзерванси. Не е месото проблемот во овој случај, туку токму она што се става во месото при процесот на обработка и правењето на месните преработки.

Похована и пржена храна

Колку можете повеќе избегнувајте поховани и пржени намирници бидејќи се работи за најлошиот вид на маснотии кои се поврзуваат со мноштво од сериозни болести.

Се’ на се’, избегнувајте храна која има премногу сол, шеќер или маснотии и секогаш кога се двоумите, подобро е да си подготвите оброк дома отколку да одите во ресторан или да нарачате брза храна. На ваков начин ќе вложите најмногу во своето здравје но и во вашата убавина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag