Еве кои се намирниците кои треба да ги избегнувате доколку сакате да ги разгорите страстите со партнерката:
Виршли
Ова никако не смеете да го изберете за вечера, ако се надевате на акција во кревет. Високо заситените масти кои ги има во виршлата, буквално ги блокираат артериите во пенисот, а ако имате намера да уживате во сексот, сигурно не сакате тоа да се случи. Освен тоа, виршлите се обично направени од месо со лош квалитет, што може да доведе до поголем степен на воспаленија и да ја наруши рамнотежата на хормоните.
Лут чипс
Сигурно се прашувате зошто нешто со така добар вкус е всушност лош избор. Ако планирате жешка ноќ со партнерката, најдобро е да го прескокнете чипсот, затоа што исто како кај виршлите, мастите делуваат неповолно на циркулацијата и нивото на тестостерон. Освен тоа, големите количини соли можат да имаат прилично негативно влијание на мажите со висок крвен притисок кој ќе се соочи со проблеми при одржување на ерекцијата. Исто така, вреди да се спомене дека големите количини соли предизвикуваат и создавање гасови.
Нане
Свежиот здив е задолжителен ако се подготвувате за секс, но ако посегнете по нането, тоа би можело да ги упропасти вашите способности во креветот. Оваа билка го намалува нивото на тестостерон, а со самото тоа го намалува и нивото на возбуда.
Разни грицки и слатки
Ако чувствувате глад и мислите дека најдобро е да каснете нешто благо, ќе направите голема грешка. Чоколадото за миг ќе го зголеми нивото на шеќер во крвта, но тоа ниво за многу крато време нагло ќе падне,и после тоа ќе бидете уште погладни. Затоа подобро изберете јаткасти плодови или свежо овошје.