Иако губењето на косата е најчесто врзано со генетски фактори, сепак во голема мера можете и сами да си помогнете за да го спречите или барем да го ублажите опаѓањето на косата.
1. Јадете повеќе риба и храна која е богата со Omega-3 масни киселини.
2. Проверете го железото во крвта, бидејќи анемичноста може да придонесе за губење на косата.
3. Немојте да заборавате на B-complex витамините кои се исто така многу важни за здравјето на косата.
4. Научете да се справувате со стресот. Одредени стресни состојби продуцираат шок за организмот кога може да се случи да изгубите од 30 до 50 отсто од косата.
5. Грижете се за личната хигиена. Се смета дека недостатокот на хигиена исто така може да предизвика штета на темето.
6. Вежбајте редовно. Физичката активност го намалува стресот, кој е еден од главните виновници за опаѓањето на косата.