
Доколку пушите или живеете во загадена околина, природно е да стравувате дали еден ден ќе добиете рак, а притоа доцна да дознаете. Сега веќе нема од што да се плашите!
Експерти од Лондон успешно развија тест кој кај страствените пушачи може да најави дека се под голем ризик да добијат рак на белите дробови. Се што е потребно, е само да земете во лабораторија брис од уста или нос, а ќелиите од вашата слузокожа ќе го дадат одговорот.
Досега, луѓето кои имаат предиспозиции за појава на канцер или доколку се во прва фаза, земената култура различно делува на инфрацрвената светлост, отколку кај целосно здрава личност. Исто така, кај оние со рак на белите дробови, постојат абнормални клетки во слузницата на усната и носната празнина.
Ако е општо познато дека од моментот на дијагностицирањето на ракот на белите дробови во период од пет години опстојуваат само десет проценти, а се случува дури да биде и притаен и до дваесет години пред да се активира, јасно е зошто е важно навремено да се открие потенцијалниот ризик од појава на оваа болест пред воопшто да се започне со лекување.
Експертите велат дека сите пушачи можат да ја направат оваа безболна анализа за навремен скрининг на оваа подмолна болест. Доколку се покаже дека нешто не е во ред, пациентот веднаш би се препратил на дополнителни прегледи. Навременото откривање дава поголема шанса за позитивен исход.
