Овошни тортички од лиснато тесто

29 август, 20140
3

Состојки:

  • готова кора за лиснато тесто (или готови лиснати погачици)
  • 2 ќесички ванила пудинг
  • 50 мл. хопла
  • 300 гр. мешано овошје (киви, малини, боровница)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Исечете ја готовата кора лиснато тесто на квадрати со димензии (5×7)см. Ако имате купено замрзнати лиснати погачици нема потреба да ги сечете. Наредете ги парчињата лиснато тесто на плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреана рерна 15 минути. Потоа извадете ги и оставете ги сосема да се изладат. Сварете го пудингот од ванила по упатството на ќесичката. Потоа оставете го на страна да се излади. Во еден сад изматете ја хоплата додека да добиете крем. Потоа со лажица додавајте го пудингот и продолжете со матење додека да се соединат.
Овошјето измијте го, оставете го да се исуши, па исецкајте го на тенки парчиња.
За да ги составите тортичките со тенок нож внимателно разделете ги хоризонтално лиснатите погачици. Потоа филувајте ја едната половинка со кремот од хопла и ванила пудинг. Додадете тенки парчиња овошје. Филувајте го со уште еден слој крем и потоа затворете го во сендвич со горното парче од погачицата. Повторете ја постапката со сите погачици. Декорирајте ги овошните тортички со преостанатото овошје, чоколаден прелив или шлаг по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş