Печена салата од компири

29 август, 20140
4

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 50 мл. маслиново масло + 1 лажица
  • 1 лажичка рузмарин
  • ½ лимон
  • 1 црвен кромид
  • магдонос
  • сол
  • 200 гр. чери домати
  • 200 гр. тиквици
  • 200 гр. модар патлиџан

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Варете ги во тенџере со зовриена вода 5-10 минути. Потоа исцедете ги од водата и измешајте ги во еден сад со 50 мл. маслиново масло , рузмарин и сол по вкус.
Во плех намачкан со 1 лажица масло наредете ги компирите, половина лимон и излупени и исецкани кромид, тиквици и модри патлиџани. Печете ги 40 минути.
Потоа во сад за сервирање измешајте го печениот зеленчук со чери домати пресечени на четвртини и сок од печениот лимон. Зачинете со сецкан магдонос и сол по вкус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *