Пет правила за зимска нега на стапалата

popara8 јануари, 20141min00
30

За убави и нежни стапала, потребна е темелна и редовна нега. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги одржите вашите стапала убави и негувани.

Разбудете ги стапалата: Секое утро кога ќе се разбудите измијте ги нозете со студена вода за да „ги разбудите“, односно да ја потикнете циркулацијата за полесно да ги поднесете секојдневните задачи. Во вечерните часови, по туширањето, користете смирувачки крем што ќе ги намали болката и отокот.

Омекнете ги стапалата: Еднаш неделно практикувајте го овој третман за оменување на стапалата. Измијте ги нозете, намачкајте ги со многу мрсна крема и завиткајте ги во фолија, па облечете чорапи. Оставете ги активните состојки од кремата да дејствуваат цела ноќ, а ќе забележите огромна разлика утрината.

Грижете се за вашите кутикули: Никогаш не ги сечете кутикулите со ножици, затоа што може да се инфицираат и да настане голем проблем. По бањање, отстранувајте ги кутикулите со дрвено стапче кое ќе го најдете во секој прибор за маникир и педикир.

Купка за стапала: Наполнете кадичка со топла вода и морска сол или сол за капење, ставете ги нозете во кадичката и оставете ги да отстојат најмалку половина час. Доколку сакате, додадете некое етерично масло или миризлива купка.

Масажа за болка: Во стапалата се сите нервни завршетоци, па можете да ги одморите нозете, но и целото тело со релакс масажа на стапалата. Масажата може да ја направите и сами, а  ќе бидете изненадени колку добро ќе се чувствувате.