Прстенот многу зборува за вас: Откријте ги симболите

8 јануари, 20140
23

Освен што е еден од омилените модни додатоци, прстенот открива многу за карактерот на оној што го носи. Особено е важно тоа на кој прст се носи, па така, ако го носите на:

Палецот прстенот симболизира внатрешна сила, симболизира храброст но и недостаток на флексибилност. Овие луѓе сакаат да го наметнуваат своето мислење, мислат дека се секогаш во право и се плашат од промени.

Показалец: Прстен на овој прст симболизира авторитет и амбиција. Во минатото царевите го носеле прстенот токму на овој прст. Оваа позиција открива роден лидер и луѓе желни за моќ кои немаат никаков проблем со недостаток на самодоверба.

Среден прст: Носењето на прстенот на средниот прст е знак за изразена индивидуалност и одлична смисла за баланс во животот. Оној што го носи прстенот на средниот прст одлично го препознава доброто и злото, но има потреба постојано се во животот да држи под контрола.

До малиот прст: Освен што симболизира љубов, прстенот на до малиот прст симболизира креативност на сите полиња во животот. Луѓето кои го носат се оптимисти и иновативни при решавањето на проблемите.

Малиот прст: Прстенот на најмалиот прст ги открива вашите ставови и погледот на светот. Овие луѓе се карактеризираат со емотивност, способност и креативност. Одлични се во комуникацијата со другите и лесно ги препознаваат нивните потреби, па знаат како да се пикнат под кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi