
Ви пишувам од една голема европска држава во која побегнав од својата трагично лоша татковина Хрватска. Сакав некому да му ги кажам вистинските проблеми поради кои младите бегаа од Хрватска и зошто оние кои може да бидат успешни, бираат алтернатива.
Роден сум во Загреб во тој „проколнат комунизам”, имам околу триесет години и денес сум успешен бизнисмен, кој со Хрватска ги дели единствено сеќавањата и семејството (родителите) кои ги оставив. Најверојатно никогаш нема да се вратам, но за тоа подоцна.
Живеев во семејно опкружување со високи работни навики, татко ми беше успешен во својата работа, поради што мајка ми ја остави државната работа и му се придружи. Секогаш подарувавме на оние, кои беа помалку среќни од нас, како што не учеше католичко-христијанското воспитување, но и чувството за солидарност. Во црква одевме редовно и покрај тоа што гледавме како таа се менуваше со времето кое изминуваше (секоја чест на исклучоци).
Средното училиште го завршив со совршени оценки и воспитување, во партии не одевме ниту јас, ниту некој од моето семејство. Татко ми краток период беше во бранители. Накратко бевме „совршено хрватско семејство”.
Би можело да се каже дека моите, со голема среќа ги дочекаа 90-тите. Семејните пријатели беа од различни вери и нации и не дискриминиравме никого. Гледавме како другите ги дискриминираа и како мораа да се докажуваат повеќе од нас.
Во средно училиште дознав дека има деца кои според името и презимето и некои други обележја знаат кој е кој од тие малцинства. Мене тоа никогаш ништо не ми значеше ниту денес го разбирам. Зошто е полесно да се мразат другите, отколку да се сакаат сите?
Уписот на факултет одеше потешко и покрај добрите оценки од средното училиште. Подоцна дознав дека имало и такви кои без проблем се запишале и покрај тоа што имале лошо оценки. Го плаќавме студирањето, не беше тоа многу за моите, но тоа чувство на неправда болеше.
Факултетот го завршив на време, со особено висок просек, награда од ректорот и две напишани дела објавени во еминентни списанија. Место за кариера на Универзитетот сепак немаше за мене. Го имаше за оние кои беа „подобри од мене” главно „вистинските Хрвати”.
Почнав да работам како претприемач во Хрватска. Фактот дека веднаш од почеток треба да има сметководител, почетен капитал и документација, за која треба да се работи беше болен. Сакам да придонесувам за себе и за државата, но и во тоа ме принудуваа да се мачам. Зошто? Тоа не ме спречи и работев по цели денови и започнав производство.
Во рок од една година вработив четири лица. Се работеше многу, а луѓето со кои работев со мене создаваа. Ми беа благодарни што ги вработив, кога никој друг не сакаше да им даде работа. Беа одлучни и способни лица и јас дури им бев благодарен на другите што не ги вработиле пред мене.
Проблемите започнаа со првата инспекција. Знаете онаа која бара „влакно во јајцето”. Тоа бараа и кај мене и најдоа. Инспекцијата беше како стрелачки вод, кон мене се однесуваа како да сум на судење, а замислете бараа и ручек и кафе. Не е важно за што се работи. Прва казна. Втора инспекција, втора казна. Потоа гршка на сметководителот за која повторно добив казна. Бев многу лут. Сакав фирмата да работи поради луѓето кои ги засакав како да ми беа семејство, но не можев повеќе. Не спиев добро. Знаев дека така повеќе не можам. На купувачите на кои им ги извезував своите производи им раскажував, а тие ми се чудеа, како сакам така да работам. Тогаш донесов одлука. Да ја затворам фирмата, отворам надвор од државата и да се преселам.
Во рок од половина година, животот надвор ми се препороди. Државата ми помога, почитуван сум и работам без проблеми. Првата инспекција која ја имав ми се најави еден месец порано. Ми укажаа на некои ситници и ми помогнаа да не ги работам. Немаше казни. Сметководство речиси и нема се додека не преминете одредена заработувачка и се е толку едноставно, што ништо не ми беше јасно.
Ја работам истата работа, а заработувам десет пати повеќе. Тоа е реалноста. Во последно време запознав лекар од Загреб кој дошол тука и кој ги кажува истите работи само од својата бранша.
Кон нас странците нема дискриминација, живееме во општество кое ја почитува работата, а воопшто не знам кој е од каква политичка партија, ниту пак некого тоа овде го интересира. Другарувам со Хрвати, Срби, Босанци и домаќините. Нема некоја солидарност помеѓу нас. Знаете зошто? Не е потребна. Ако сте успешни, успешни сте, а ако не сте државата помага.
Единствени кои копаат по отпадоците се зависниците од дрога, односно оние кои сакаат таков живот. Несреќни се и тие но тешко е да му се помоге на некој, кој не сака помош. Затоа никогаш нема да се вратам во Хрватска.
Овде се будам и заспивам среќен. Ми недостига семејството, ми недостигаат улиците во Загреб, но се помалку. Не одам повеќе ниту на Јадранското море бидејќи видов голем број други убави локации и држави во кои сега уживам. Убавини кои не се ништо помали од оние кои ги има мојата татковина.
Родителите ме посетуваат и свршеничката, која наскоро ќе биде моја сопруга, и чекаме дете. Таа не е од Хрватска, детето нема да биде Хрват а и јас наскоро ќе добијам ново државјанство. Што е тоа што овде го имам, а во Хрватска го немам. Човечкото достоинство, можноста да се докажам и слободата. Зошто тогаш Ви пишувам? Единствено ми е жал за оние кои остануваат во Хрватска. Не е ова повик сите да ја напуштат дражвата, туку желбата да кажам што и недостига на Хрватска.
Не се тоа големи инвестиции од надвор, голема ИНА или Подравка. На Хрватска и е потребна либерализација во работењето на оние мали претприемачи, бидејќи државата има млади кои знаат и умеат но немаат можност. Овде таквите недостасуваат и токму од Хрватска доаѓаат оние најспособните. Запознав луѓе од голем број европски држави, кои дошле овде, но најмногу се оние од Хрватска кои се занимаваат со најпрофитабилните професии и водат свои фирми.
Доколку Хрватска сака да опстане треба да го направи следново. Не треба на претприемачите да им се намали данокот, тоа може да се поднесе бидејќи младите се способни. Треба да се укине бирократијата и да се олесни работењето. Да се донесе закон според кој ќе може да се основа фирма во рок од еден ден. Треба да се укинат сите давачки до 150.000 куни годишно. Зошто толку? Бидејќи со тоа може да се осигура една добра и просечна плата, изнајми простор и да се купи нова опрема. Тој износ може да биде и поголем доколку се работи за производство. Треба да се обезбеди плаќање по пат на интернет како и запишувањето на основниот бруто износ. Да се„ исфрлат” сметководителите не затоа што се лоши, туку затоа што треба да се даде можност да се заработи повеќе, а дури потоа да бидете должници кон бирократијата.
Сакам да кажам уште нешто. Во бирократскиот апарат сретнував глем број луѓе кои ми помагаа и напорно работеа. Не се сите во државата мрзливи, но и тие кои работата се фрустрирани исто како и ние претприемачите. Зошто? И таму способните се шиканираат. Знаете што видов кај сметководителите во Хрватска. Тие велат ќе ви ги земеме парите од таму и таму, бидејќи тука има дупка во законот. Каква е тоа држава која ги бирократизира сите па, мора да земате луѓе кои ќе барат дупки да ви помогнат.
Не им замерувам, тие сметководителите ја работат својата работа најдобро што можат, но сето тоа заедно е апсурд. Ги следам вестите од Хрватска и не разбирам. Се чува семејството од „повампирени хомосексуалци”, а младите немаат со што да основаат семејство. Се зборува за кирилица, а не за бирократија и даноци. Никој не предлага даночни реформи за малите фирми. Меѓу политичарите очигледно нема некој, кој сам си го заработил лебот. Гледам дека вашиот медиум го гонат поради Студентскиот сервис, а никој никогаш не се запрашал дали давачките се преголеми за вашиот бизнис. Да се затвори, уништи и казни изгледа е мотото на неразумните.За мене е доцна, како што реков нема да се вратам. Пишувам за оние кои остануваат. Нив треба да ги спасиме. Ве молам доколку имате желба писмово да го објавите да не го потпишувате, бидејќи не сакам на родителите да им испратат инспекција. Тие не сакаат да ја напуштат Хрватска. Голем поздрав од нормална Европа.