
Малколм Глејзер го купи Манчестер Јунајтед во 2005 година и од тогаш освои пет шампионски титули во Премиер лигата (2007, 2008, 2009, 2011 и 2013) и трофеј во Лигата на Шампионите во 2008.
„Со тага можеме да соопштиме дека сопственикот Малколм Глејзер почина утринава” – стои во соопштението на НФЛ тимот Тампа Беј чиј сопственик исто така е Глејзер.
Наскоро се очекува и соопштение на официјалната страна на Манчестер Јунајтед.
Американските сопственици не беа најпопуларни кај голем дел од фановите на Манчестер Јунајтед, но клубот и со нив продолжи да чекори по шампионските патеки.