
Боксерот Владимир Кличко (38) и холивудската актерка Хајден Пенетјер (24) го очекуваат своето прво дете, пренесува Daily mail. Кличко и Пенетјер се три години во врска и наскоро треба да се венчаат.
Пенетјер пред извесно време најави дека сака да создаде семејство со Кличко, а на шега додаде дека поради разликата во висината помеѓу неа и свршеникот нивните деца сигурно ќе изгледаат „нормално“.
Парот ја одложи венчавката поради немирите во Украина, сметајќи дека при таква политичка криза во земјата, не е соодветно да мислат на свадбени планови.