Подобро е да бидам сама отколку со такви мажи!

popara25 мај, 20141min00

Првата фаза е очај, потоа тагата станува огорченост која се пресликува и на други односи. Следи фазата на будење, осамостојување и враќање на вербата.

Фаза на очај

Frustrated young housewife sitting on couchПосле разделбата, прва е фазата на очај. Истовремено е и драматична и патетична, но самосожалувањето трае неколку дена. Во таа фаза апетитот е на нивото на нула како енергијата, па обично се повлекувате од фотелјата до креветот, Сонот никако не доаѓа на очи, а напразното гледање во ТВ ви е омилена активност. Од овој „полуживот“ ве извлекуваат пријателите кои постојано ве потсетуваат дека работите ќе се поправат и дека имате рамо за плачење- пишува The Huffington Post.

Фаза на огроченост

2После фазата на очај следува фаза во која тагата се претворува во огорченост. Бившата врска несвесно се пресликува на сите останати односи, губи верба во луѓето, а се зголемува сомневањето. Не грижете се, ова разочарување е само фаза и не дозволувајте да се скрши. Бидете покрај семејството и пријателите со кои ќе ја преживеете тагата и полека ќе се оправите.

Фаза „подобро да бидам сам отколку со него/неа“

3Во третата фаза настојувате да се уверувате дека е подобро да бидеш сам отколку со него во врска. Огорченоста ја заменила вербата во подобро утре и листата на работи кои е подобро да ги правите сами отколку во пар. Ќе почнете да пронаоѓате се посветли точки, но и ќе сфатите колку имате време за себе.Во ова доба ќе се посветите на се што досега сте занемарувале, како вежбање, читање книга, но ќе најдете и некое ново хоби. Тоа ќе ви го отвори видокот и ќе се чувствувате подобро. Но ни тоа нема да биде сјајно за вас затоа што со време сфаќате дека тоа со задоволство би го поделиле со некого.

Фаза „го сакам назад“

4Откако работите тргнале на подобро, одеднаш и најмал ситница ве враќа во минатото. Редовно ги следите објавите на бившиот партнер на друштвените мрежи. Одеднаш добивате нагон да му се јавите и се да почнете да почеток. Во оваа фаза важно е да разговарате со најблиските како би ве разубедиле во вашите намери. Постои причина поради која сте се разделиле и која била голема и важна. Освен во ситуациии кои и двете страни сакаат да се обидат од почеток, во овој потег подобро да не се впуштате.

Премногу активна фаза

5Во оваа фаза учите нов јазик, трчате од еден на друг тренинг.. Претераната активност само е изговор за да се сокрие чувството на тага и осаменост. Меѓутоа, помалку  и тоа помогнува. Се повеќе се дружите со луѓето, животот ви е исполнет и не се двоумите тоа да го покажете. Не сте потполно среќни, но на добар пат сте тоа да го постигнете. Оваа фаза ви помогнува да сфатите дека и тагата е само знак дека знаете да се носите со своите емоции наместо да ги сокривате.

Фаза „време е за нов почеток“

6Последната фаза е фаза на признавање дека е готово, односно дека е време за нов почеток. Во ова време останувате дома затоа што тоа го сакате, а не затоа што тагата ве заковала за креветот. Уживате во новите искуства, но не се брзате како во претходната фаза. Опуштени сте и сами си го одредувате темпото на својот живот. Иако понекогаш ќе ви биде тешко, уверени сте дека ве чека подобра иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag