Вљубени сте и воопшто не ги ни воочувате црните точки…

popara25 мај, 20141min00
3

Заљубени сте, полни со доверба и позитивни чувства, едноставно летате. Толку високо што воопшто не ги ни воочувате црните точки на недоразбирање кои остануваат долу на земјата. И кои, со слетувањето ниско до земјата се повеќе се гледаат. И стануваат се покрупни. И додека ние да се приземјиме таму веќе не чекаат многу проблеми, кои се зголемиле додека ние не сме гледале. Потенцијално добра врска може да биде упропастена поради нашето препуштање на ураганите од чувства, чија сила изгледа незапирлива и за која нема препреки. Но, знаете лошото доаѓа и поминува. Заљубеноста ви го однесува паметот, но кога помине, останува само реалноста. Чекала на вас. Па, сега не можете да се вратите на почетокот.

Седите и чекате

Не ви сметало во почетокот што тој не го почитува вашето време. Имавте илјада оправданија за неговото доцнење, а тој знаел дека вие ќе бидете тука, кога сепак ќе дојде, три, пет, осум часа подоцна, од договорот. И не било важно ништо, освен да се појави, да ве обземе олеснување и возбудување. Сега кога е тука, сега е ваш. Но вие целото време сте биле негови. А тој спрема тоа комотно се однесувал. И кога на крајот приметувате дека поради неговата неодговорност воопшто не можете да се организирате и дека деновите воглавно ви се состојат од седење и чекање, ќе имате мака да прекинете со тоа. Освен ако не прекинете со него. Само, не е тој одговорен за тоа што вие постојано му стоите на располагање и што не сте го научиле да го почитува вашето време. И договори.

Се оддалечивте од другарките

Да бидеш на располагање на момчето, подразбира оддалечување од другарките. Требало да знаете. Колку пати сте ги одбиле нивните повици на кафе, дружење, излегувања затоа што го очекувате момчето? Колку пати не сте знаеле да одговорите на прашањето „а кога доаѓа, имаш ли време пред да дојде или после?“ Веројатно и многу пати сте слушнале т.е не сте сакале да слушнете како другарките ве предупредуваат на вашата позиција. Па, сега ви е потребна нивната поддршка, јавете им се, извинете се и поврзете се со нив повторно. За тоа сигурно не е касно.

Не можете да се опуштите кога сте сами

Некако сте ја изгубиле навиката да уживате во самотијата. Да ја попуштите музиката, да ја средите куќата за час, па да се опуштите во кадата и да читате, а после да направите џиновска порција пуканки само за себе и да ја поминете вечерта со омилените филмови, смеејќи се и бришајќи ги солзите и повторно да се смеете во себе, што така реагирате на холивудските глупости. Помине пола ден воопшто да не погледнете во телефонот, а сега мечтаете повторно да ви биде добро во сопствената кожа и повторно да плачете на хепи ендови, наместо постојано да го проверувате телефонот, дали конечно станал достапен. Таман работа да го исклучите.

Ако на вас ви се променат плановите, тој прави хаос

Вие него да го извисите? Дали некој умрел? Бидејќи друго објаснување не постои. А ни тоа можеби не е доволно добро. Правдање со чувство на вина помешано со воздржан бес, совршена комбинација, отвора чир на желудникот многу успешно. Но кога му се спротиставите дека тој стално ве извисува, само повеќе ќе го предизвикате. Не можете да верувате? Поверувајте. Затоа што добро знаете каде сте погрешиле. Требало на време да го обележите својот простор, да ги истакнете своите обврски и своите приоритети. Освен што можеби требало да се заљубите во некој подобар човек.

Некако станал пасивен во кревет

Е тоа не е вистина. Никогаш и не бил бог знае што во креветот, туку вие дури сега приметувате дека е инертен, неимагинативен и ограничен. Ако нешто предложите, не му се допаѓа, можеби затоа што не може да ја поднесе вашата иницијатива. Како тоа порано не сте го приметиле? А, да, сте уживале во неговата доминација. И веќе не ви е забавно. Па, ако ова не ве поттикне на расчистување и поставување на работите на свое место, тогаш ништо нема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag