Анорексијата, булимијата и компулсивното прејадување пред сè се психички болести, и покрај тоа што првенствено се манифестираат физички.
Овие млади девојки и момци се погодени токму од ваков тип на болести, кои оставиле трајни последици.
Нивните приказни и „пред и потоа“ фотографии ќе ве остават зачудени.
Хајли Вајлд е девојка на која лекарите и предвиделе уште максимум 10 дена живот, по 8-годишната битка со анорексија. Нејзината тежина била сериозно мала, поради што често била во болница. Но, нејзината мајка била онаа која не се откажала. Со тек на време таа успеала да и ја врати рамнотежата во исхраната на Хајли. Благодарение на неа, таа сега има здраво дете.
Кај Џо Томпсон анксиозноста и пореметувањето во исхраната се појавиле на возраст од 11 години. На 17 години, лекарите и дале само уште 48 часа живот. Џо решила да веднаш да се вработи на место каде ќе гледа како луѓето јадат, надевајќи се дека апетитот ќе и се врати. Додека работела во McDonalds, се заљубила во менаџерот кој ја поддржал и настојувал да јаде. Денес имаат 2 деца, и покрај тоа што се плашеле дека нејзината болест ќе влијае на плодноста.
4-годишната битка на Рејчел Џонстон ја довела до 28 килограми телесна маса. Оваа 20-годишна девојка тврди дека развила пореметување во исхраната откако сонувала за идеално тело по примерот на познатите модели. Денес е здрава и среќна, а со нејзината мајка имаат една мисија – да се изборат против фотошопираните тела.
Хитер Франкс во еден момент била толку слаба и изгладнета, што лекарите сакале по секоја цена да ја задржат во болница. Но, едно патување во Дизни и го променило животот. Кога седнала во ресторанот, сфатила дека никој од присутните не знае за нејзиниот проблем, па решила да касне малку пица. Кога вкусот и сласта за храна и се вратил, започнала да си ја враќа и нормалната тежина.
Лорен Бејли во еден момент тежела само 22 килограми, како резултат на анорексијата со која се борела 10 години. Лорен поминувала и по 10 часа дневно во пешачење за да го спречи дебелеењето, по што минувала уште толку часови во болница. Денес таа е здрава девојка која со упорност си го вратила животот во нормала.
Кејт Панчер развила висок степен на анорексија откако нејзиниот дечко и запретил дека ќе ја остави ако се здебели. За среќа, потоа се запознала со многу подобар маж, кој и помогнал да купи 2 броја поголема венчаница. До денот на свадбата, таа морала да се здебели како би и стоел фустанот. Одлучна дека сака да се омажи за нејзиното моментално момче, Кејт накачила неколку килограми, а набргу и родила здраво девојче.
Стресот во училиштето го поттикнал Метју Бут да заврши во рацете на анорексијата, која буквално му го сопрела срцето. Откако забележал како неговата страшна состојба влијае на неговата мајка, одлучил дека ќе се сконцентрира на своето подобрување. Набрзо, почнал да вежба и да води план на исхрана. Денес, Мејту е здраво и силно момче полно самодоверба.