Полнети модри патлиџани

15 септември, 20140
6

Состојки:

4 помали модри патлиџани

2 црвени домати

300мл. Масло за јадење

3 лажици маслиново масло

500г. Чисто мелено месо

1 зелена пиперка

1 лута пиперка

1 главица кромид

3дцл. Хопла

3 чешниња лук

магдонос

 

Начин на приготовка:

Ги сечеме модрите патлиџани на половина по должина. Во поголема тава, попрскуваме со масло за јадење и ги ставаме сите модри патлиџани да се пржат. Повреме ги вртиме и откако ќе омекнат ги вадиме на чинија.

Во друга загреана тава ставаме маслиново масло, потоа го додаваме ситно исечканиот кромид и лук, пиперките и меленото месо. Потоа ги додаваме црвените домати, излупени и ситно исечкани и половина од хоплата. Мешаме се додека смесата не се згусне. Потоа додаваме магдонос и чили.

Оладените модри патлиџани ги засекуваме во внатрешноста и ги полниме со смесата од тавата. Ги редиме во поголема тама за печење и ги преливаме со остатокот од хоплата и парченца зелена пиперка. Ги ставаме да се печат околу 10 минути на 200°C. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş