
Поради жени и богаташите се тепаат, а вистински хит стана видео снимката од физичката пресметка на двајца австралиски милиардери Џејмс Паркер и Дејвид Џинџел кои во Сиднеј среде бел ден се степале и тоа поради девојка, а додека минувачите гледале неверувајќи си на очите, боксови летале на сите страни и телохранителите едвај ги разделиле.
Фаталната жена поради која се тепале е Миранда Кер, а за да биде уште поинтересно двајцата се пријатели веќе долги години, но тоа не ги спречило физички да се пресметаат.
Кавгата избила наводно поради тоа што Џинџел му замерил на својот пријател за тоа што е во врска со Миранда и што поради неа одлучил да се разведе со сопругата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=CizEupjuKSQ