
Резултатите од последниот Евросонг биле капката што ја прелеала чашата. Треба да го напуштиме тој натпревар, не смееме да го трпиме тоа лудило. Нас ни се допаѓаат нашите девојки бидејќи немаат брада. Тие не ги сакаат нашите песни, нагласил пратеникот на Праведна Русија, Олег Нилов.
Руските пратеници предложиле создавање на сопствена верзија на натпреварот за најдобра песна откако на Евровизија победата ја однесе австрискиот травестит Кончита Вурст.
Покрај тоа, Руската православна црква оценила дека победата на травестит на Евровизија е уште еден чекор кон одбивање на христијанскиот идентитет.
Иначе после таквиот став на Русија, новинар на британскиот Сан одлучил на специфичен начин да ја подржи Кончита, па тој со перика, брада и фустан се упатил кон руската амбасада, но не го пуштиле да влезе.