Последната Титова измама

popara16 октомври, 20141min00
16

Ниту погребот на Јосип Броз Тито кој се случи на 8 мај 1980 година не помина без „подметнување“ од службата за државна безбедност, а според тврдењата на некогашниот шеф на српската служба за безбедност Обрен Горѓевиќ во ковчегот кој беше прекриен со знамето на СФРЈ не беше телото на Тито туку песок!

Горѓевиќ цели четири децении бил на служба во органите за безбедност на СФРЈ и Србија.

-Кога почина Тито, некои членови на Претседателството на СФРЈ, како Стефан Дронски и Стане Доланц, сакаа да го балсамираат Тито и да го стават во мавзолеј по примерот на Ленин на Црвениот плоштад. Но со оглед на тоа дека Титовото тело било полно со разни лекови и почнало да се распаѓа и околу себе да шири непријатна миризба, било отстапено од таа идеа. Од медицински и хигиенски причини Доланц, Микулиќ и Дронски решиле погребот да се изврши без телото на Тито. Во ковчегот кој беше изложен во Сојузното собрание имало песок- откри Горѓевиќ.

Има и други луѓе кои ја потврдуваат оваа приказна дека е вистинита бидејќи тогашниот шеф на сојузната државна безбедност Митја Крајгер бил загрижен дека имиграцијата може да направи диверзија.

Но според други извори зад сета оваа „ујдурма“ стои Стане Доланц кој себеси се гледал како наследник на Тито.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma